секција 2 – Лична Слобода

  • Секој има право на слобода за изјаснување на религија – или има право да биде неопределен. Религијата се смета за приватна работа. Тоа значи дека можете слободно да верувате во што сакате, но се очекува од вас да ги почитувате и верувањата на другите луѓе.

  • Мислењата и разговорите во Германија се повеќе ориентирани кон изнаоѓање на решение, а не на поларизација. Медиумите имаат посебен вид на слобода, слобода на медиумите, која е заштитена со закон. Медиумите се занимаваат со широк спектар на теми вклучувајќи ја и критиката на владата и општествените институции (на пример Црквата). „Слободата на говорот“ ви овозможува слободно да го изразите сопственото мислење – доколку не дискриминирате, длабоко навредувате или му се заканувате на друго лице.

  • Јавното искажување на наклонетост помеѓу парови од (ист или различен пол) е вообичаено. Обично се манифестира со држење за рака, понекогаш бакнување или галење во јавност. Ова е општо прифатено однесување, на кое не треба да му обрнувате внимание.

  • Делумната голотија е честа и вообичаена, на пример, носењето на маици, кратки панталони или кратки фустани. Загледување по други луѓе се смета за непристојно.

  • Само во сауна и во некои базени можете да бидете „голи“. Меѓутоа, во јавните базени, луѓето носат костим за капење. Вообичаено базените и сауните не се делат според пол, иако понекогаш некои термини се резервирани само за мажи или само за жени.