секција 1 – Јавен Живот

  • „Guten Tag“ (Добар ден) и “ Auf Viedersehen “ (До гледање) се најчести поздравувања. При средба со едно или повеќе лица е вообичаено да ги поздравите. На пример, при влегување во продавница или во чекална кај лекар, поздравете ја групата луѓе кои се веќе таму со „Guten Tag“. На ист начин, можете да ги поздравите лицата по патот, во селата или далечните области.

  • Насмевката во јавност обично не се смета за флертување, иако комуницирате со непознати. Луѓето обично ја користат насмевката, кога се обидуваат да бидат пријателски и љубезни.

  • Луѓето во Германија ги почитуваат нивниот личен простор и нивната приватност, и со тоа може да ни делуваат од време на време воздржани. Сосема нормално е да седите до непознато лице во воз или во ресторан, со часови, само велејќи здраво и до гледање. Исто така, многу луѓе повеќе сакаат да седат сами, на пример, во јавен превоз.

  • За приватност и спокојство, луѓето често ги затвараат своите врати, на пример, во нивните канцеларии или дома. Се смета за учтиво да тропнете на вратата, пред да влезете, и обично ќе бидете добредојдени.

  • Недела е ден за одмор. Речиси сите продавници се затворени и само мал број на луѓе работат. Соседите можат да се пожалат ако го нарушите нивниот мир, на пример ако косите трева или вградувате нова полица на ѕидот. Исто така, луѓето во Германија очекуваат мир за време на спиењето, меѓу 22 часот (10 часот) и 6 часот наутро.

  • Уринирањето во јавност може да се смета за кривично дело. Јавни тоалети се на располагање на повеќе места. Тоалетите обично се опремени со тоалет хартија, но не и со тушеви. Можете слободно да ја фрлите тоалетната хартија во шолата, а не во кантата со отпадоци. Истото не се однесува за хигиенски влошки или тампони. Користете ја четката за да ги отстраните можните дамки. При напуштање на тоалетот, проверете дали е чист и сув. Се препорачува да го користите тоалетот во седечка положба. Доколку не постои писоар, истото важи и за мажи. Миењето на раце при напуштање на тоалетот е хигиенски стандард.

  • Во јавност, особено во јавниот превоз, се смета за непристојно да имате долги и гласни разговори. Разговорите и телефонските повици се водат тивко.

  • Во јавниот превоз се наоѓаат седишта и места кои се резервирани за постари лица, болни, за бремени жени, исто така има и места за колички и инвалиди. Луѓето обично ги оставаат тие места слободни или пак ги ослободуваат, кога има потреба.

  • На ескалаторите, луѓето обично стојат на десна страна а се движат по левата.

  • Ако ви треба помош, слободно побарајте ја од било кое возрасно лице. Вообичаено луѓето се љубезни. Се препорачува да не им се приближувате на деца, без согласност од страна на нивните родители.