секција 9 – За Водичот

  • Овој водич е наменет на посетителите на Германија, бегалците и идните граѓани. Има за цел да им помогне на луѓето, кои се на самиот почеток од нивниот престој во Германија. Со посебен осврт кон бегалците, водичот има за цел да им обезбеди корисни информации, за време додека не можат да присуствуваат на курсевите за интеграција и германски јазик и култура, кои се предвидени од страна на владата. Бидејќи од септември 2015 година, BAMF (Bundesamt für Migration und Flüchtlinge) не обезбедува водичи за оваа намена.

  • Водичов е достапен на повеќе јазици и содржи илустрации, каде што е можно. Водичот е достапен на интернет, со можност за печатење и за дистрибуција. Печатените публикации можат да бидат достапни подоцна.

  • Единствената цел на овој водич е да обезбеди корисни информации. Сепак, разбирливо е дека водичов може да ни изгледа арогантен и навредлив. Таа интерпретација постојано критички се разгледува во овој проект.

  • Концептот и содржината на овој водич се креирани и составени, од страна на многу луѓе (на пример, луѓе од Сирија, Авганистан, Судан, Египет, Палестина и луѓе кои неодамна се доселиле во Германија, луѓе кои моментално се бегалци, итн.) Од суштинско значење беше да се вклучат бегалците при подготвувањето на водичот. При разговорите со бегалците во врска со проектот, беше посебно разговарано за тоа дали овој прирачник може да биде разбран како пренесувач на арогантни или навредливи ставови. Бегалците експлицитно го негираа тој проблем. Напротив, тие самите ги побараа информациите кои се содржани во овој водич.