-
Пиењето вода од чешма е сосема безбедно. Водата од чешмите во Германија е под строга контрола и може слободно да се пие. Постојат неколку исклучоци од ова правило, на пример, на некои јавни места или во воз. Тие се посебно одбележани со: „Kein Trinkwasser“ (забрането за пиење).
-
Во Германија, ќе најдете голем избор на храна која содржи свинско, говедско или пилешко. Секогаш можете да прашате од кое месо се состои вашиот оброк, ако не јадете одреден вид на месо. Германците обично многу сакаат да јадат свинско месо.
-
Ќе најдете и многу места кои продаваат Донер, тоа обичен ќебап во парче леб. Правен е од пилешко, телешко, или јагнешко месо. Донер, како и другата брза храна (пиците, хамбургерите, помфритот, итн) обично се јаде без прибор за јадење. Сепак, приборот за јадење вообичаено се користи, кога ќе се јаде на маса.
-
Повеќето германски слатки се правени со желатин, кој се добива од свинско месо. Доколку сакате вашите слатки да се Халал, купувајте слатки на чија етикета пишува „vegetarian-вегетаријански“ или пак проверете на декларацијата дали содржи „gelatine-желатин“.
-
Германија има голем избор на дисконтни продавници (на пример Aldi-Алди, Lidl-Лидл и Penny-Пени) и поскапи супермаркети (пр REWE-РЕВЕ и EDEKA-ЕДЕКА) кои нудат се што им е потребно на луѓето за живот. Освен тие продавници, постојат и пазари, а исто така и мали турски, афрички, азијски или грчки супермаркети. Ако јадете само халал месо и слатки, веројатно истите ќе ги најдете во турските и арапските супермаркети (или ресторани). За разлика од супермаркетите, некои бензински пумпи се отворени 24 часа на ден, и често продаваат храна, меѓутоа тие се многу поскапи во споредба со другите.
-
Алкохолот, претежно пивото и виното, се смета за нормален дел од социалните вечерни настани, на пример, за време на вечера или при вечерното излегување. Исто така е сосема прифатливо, да не пиете алкохол, како и повеќето од Германците. Доколку сте понудени со алкохолен пијалок, секогаш може да го одбиете со “ Nein, danke-Не, благодарам“. Возењето под влијание на алкохол е строго забрането.
-
Пушењето е дозволено на многу јавни места, како за мажи така и за жени. Во рестораните и железничките станици постојат одредени „простори за пушење.“ Доколку сакате да пушите, се смета за учтиво да излезете надвор или на балкон. Пушењето во присуство на непушачи, деца или бремени жени се смета за непристојно.