-
Луѓето во Германија се добро познати по заштита на животната средина: тие го оддвојуваат отпадот и се обидуваат да рециклираат што повеќе. Тие не сакаат да фрлаат отпадоци наоколу. Ова се однесува подеднакво како за градовите така и за селата, а исто така и во природата: на пример, во парковите, патиштата и шумите. Доколку не постои канта за отпадоци во близина, отпадот го носите со себе, се додека не ја пронајдете. Обично на јавните места, можат често да се пронајдат канти за отпадоци, вклучувајќи ги и железничките станици, автобуските станици, парковите, итн.
-
Многу луѓе во Германија се обидуваат да ја ограничат употребата на енергија и ресурси. Со тоа обично се заштитува животната средина, а воедно можат да се заштедат и пари. На пример, луѓето се обидуваат да го држат фрижидерот отворен што пократко (дома или во супермаркет). Луѓето исто така и ги исклучуваат светлата, кога ќе ја напуштат просторијата.
-
Затворените прозорци не пропуштаат. Препорачливо е да се отвара прозорец од време на време, за вентилација. За да заштедите енергија, исклучете го греењето додека прозорците се отворени.
-
За повеќето шишиња се наплаќа кауција (од 8 до 25 центи), која се рефундира при враќањето на шишето. Празните шишиња можете да ги вратите во било кој супермаркет, не само во супермаркетот во кој сте ги купиле. Овие мерки за заштита на животната средина заедно со рециклирањето и повторната употреба на шишињата придонесуваат кон намалување на отпадот.