-
Дискриминацијата врз основа на пол, раса, религија или сексуална ориентација е забранета и може да биде казнета со закон. Ако се чувствувате дискриминирани, или под закана, макар и само вербално: можете да се јавите во полиција. Насилството никогаш не е прифатливо решение, за било кој вид на коментар, дури и да е со навредлива содржина, дискриминаторен или заканувачки. Во Германија насилството е забрането.
-
Мажите и жените се рамноправни и ги користат истите права. Ако некој ве замоли да го оставите на мира, апсолутно мора да го почитувате: малтретирање на други луѓе, машки или женски е забрането. Побарајте дозвола ако сакате да сликате некого.
-
Хомосексуалноста е сосема нормална во Германија. На пример, поранешниот министер за надворешни работи јавно призна дека е геј. Хомосексуалните парови, може да регистрираат правно партнерство.
-
Луѓето слободно го избираат својот брачен другар и слободно стапуваат во брак доколку тоа го сакаат. Сосема е нормално за некои луѓе да не склучат брак, да имаат родители кои немаат склучено брак, или да немаат или не сакаат деца.