секција 8 – Во Случај на Опасност

  • Секогаш потрудете се да им помогнете на луѓето кои се наоѓаат во опасност. Никогаш немојте да ги напуштате, секогаш можете да направите нешто. Секој има за задача, да им помогне на лицата кои се во опасност, на пример, да им понуди прва помош или да се јави во службата за итна помош (види подолу).

  • Во случај на конфликт, кражба, сексуално малтретирање, јавете се на полиција (број 110 од сите телефони ). Полицајците обично се љубезни и подготвени да помогнат и сериозно го разгледуваат секој повик.

  • Во случај на пожар или итна медицинска помош: јавете и се на противпожарната служба (број 112 од сите телефони). Овој директен телефон се користи само во случај на (опасност по живот). Истото важи и за собите за итна помош во болниците.

  • Ако ви треба лекарска помош, бегалците треба прво да се консултираат со социалната служба. Лекарските ординации обично се отворени од 8 наутро до 12 часот, а понекогаш и во попладневните часови. Повеќето лекари зборуваат англиски.

  • Ако ви се потребни лекарства во текот на ноќта, во недела или за време на државни празници, можете да побарате дежурни аптеки. За да дознаете која аптека е дежурна, погледнете на Гугл или јавете се на 22 8 33 (макс. 69 цент/мин.) преку мобилен телефон. Најблиската дежурна аптека е исто така објавена, на вратата од другите аптеки.