секција 3 – Животот во Заедница

  • Луѓето во Германија често се ракуваат, при нивното пристигнување и заминување, и при запознавање на нови луѓе. Нормално е од лицето кое и се придружува на групата, цврсто да се ракува со секој присутен посебно. При ракувањето се гледате директно во очи, со лицето со кое се ракувате. Ракувањето е нормално за сите луѓе – машки и женски.

  • Луѓето при нивното поздравување често се прегрнуваат, а во некои делови од Германија и се бакнуваат, обично спротивниот пол на лице. Тоа е општо прифатливо како пријателски и не-сексуален гест.

  • Луѓето често го искажуваат своето мислење. Тие не сакаат со тоа да бидат нељубезни, туку само искрени. (Конструктивната) критика игра главна улога во усовршувањето на самиот себе и другите, особено во професионалниот живот. Не е ништо необично да бидеш критикуван или пак самиот да дадеш критика.

  • Точноста е многу важна. Дури и ако доцните на состанок или средба само 5 минути, може да се смета за непочитување на времето на другите. Доколку доцните, јавете му се на лицето со кое сте договорени, за да го информирате за вашето доцнење. Често се однесува како за доцнење на работа така и за приватни поводи, како што е посета на пријатели.

  • Доколку нешто ви се нуди, изразите „неин, данке“ (не, благодарам) означуваат учтиво „не“, а „битте“ или „герне“ значат „да“.